Република Северна Македонија

Дирекција за безбедност на класифицирани информации

Безбедносни сертификати и прашалници

Безбедносни сертификати и прашалници


Врз основа на Законот за класифицирани информации(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19) донесен е нов Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/25).

Со Правилникот е усвоена формата и содржината на новиот безбедносен прашалник кој почнувајќи од 28.05.2025 година е единствениот безбедносен прашалник кој барателите на безбедносен сертификат треба да го пополнат.


Напомена: При пополнувањето на безбедносниот прашалник потребно е да се даде одговор на сите прашања и да се потпише изјавата што е дадена на крајот од прашалникот. Доколку за некои прашања се ма одговор, се наведува: /, НЕ, немам, неприменливо и сл. При одговарање на прашањата лицето што го пополнува прашалникот треба да имај на ум дека одговорите се потврдуваат и се разгледуваат заедно со информациите добиени во текот на безбедносната проверка.


Барањата за издавање на безбедносен сертификат до Дирекцијата се доставуваат поединечно за секој барател одделно заедно со:

1. пополнетиот нов безбедносен прашалник;

2. копија од документ за идентификација (лична карта или патна исправа);

3. уверение за неодземена деловна способност не постаро од 6 месеци;

4. на лицето да не му е изречена санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност (уверение од надлежен орган;

5. лицето да не е осудувано (уверение за неосудуваност не постаро од шест месеци);

6. Барањето за издавање на безбедносниот сертификат се означува со ознаката „ЗА ОГРАНИЧЕНА УПОТРЕБА“

БАРАЊЕ

ЗА ИЗДАВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСЕН СЕРТИФИКАТ

ПРЕЗЕМЕТЕ ГО БАРАЊЕТО

ОВДЕ

БЕЗБЕДНОСНИ ПРАШАЛНИЦИ:

ФИЗИЧКО ЛИЦЕ

БЕЗБЕДНОСЕН ПРАШАЛНИК

ПРЕЗЕМЕТЕ ПРАШАЛНИК

ОВДЕ

ПРАВНО ЛИЦЕ

БЕЗБЕДНОСЕН ПРАШАЛНИК

ПРЕЗЕМЕТЕ ПРАШАЛНИК

ОВДЕ

ИЗЈАВА

ЗА БРИФИРАЊЕ

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА ИЗЈАВАТА

ОВДЕ

Насоки за пополнување на безбедносен прашалник :

НАСОКА

ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСЕН ПРАШАЛНИК ЗА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ

ПРЕЗЕМЕТЕ

НАСОКИ ЗА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ
ОВДЕ

НАСОКА

ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСЕН ПРАШАЛНИК ЗА ПРАВНО ЛИЦЕ

ПРЕЗЕМЕТЕ

НАСОКИ ЗА ПРАВНО ЛИЦЕ
ОВДЕ