Останато
Насоки за начинот на пополнување на безбедносниот прашалник
Скопје, 20 април 2021 година
Безбедносниот прашалник, уреден со Правилникот за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.123/20) е образец што се пополнува од страна на лицето кандидат кој има потреба да поседува безбедносен сертификат (национален, НАТО или ЕУ) во зависност од степенот на класифицираните информации (ДОВЕРЛИВО, СТРОГО ДОВЕРЛИВО или ДРЖАВНА ТАЈНА) до кои тоа лице има потреба за пристап согласно принципот „потребно е да знае“. Безбедносниот прашалник се пополнува електронски, лично од страна на кандидатот, на македонски јазик со кирилско писмо. Насоки за начинот на пополнување на безбедносниот прашалник Во продолжение може да ги најдете безбедносните прашалници:
За соодветно пополнување на безбеносните прашалници препорачуваме употреба на:
Електронски систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 22 јуни 2020 година
Согласно член 69 став 2 алинеја 10 од Законот за класифицирани информации(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е надлежна за организирање и спроведување обуки за безбедност на класифицирани информации. Следејќи ги искуствата на националните безбедносни авторитети на други држави членки на НАТО и современите текови во областа на едукацијата и развојот на информатичката технологија, Дирекцијата воведе електронски систем за обука за Законот за класифицирани информации(*). До електронскиот систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации можете да пристапите преку следниов линк: Електронски систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации [ЕСО на ДБКИ]
21 Година од основањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2025 година
На 05.03.2025 година, на пригоден настан, беше одбележана 21-вата годишнина од основањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. По тој повод, на вработен административен службеник во Дирекцијата му беше оддадено признание за дадениот придонес во градењето на капацитетите и остварувањето на целите и задачите на Дирекцијата. На годишнината присуствуваа и претставници на Канцеларијата за заштита на тајни податоци на Владата на Република Словенија, при што на директорот на Канцеларијата му беше врачена благодарница за долгогодишната соработка и поддршката на работата на Дирекцијата.
Акредитација на комуникациско-информацискиот систем на Заштитената соба на Собранието на Република Северна Македонија
Скопје, 21 oктомври 2024 година
На ден 21.10.2024 година во Собранието на Република Северна Македонија беше пуштена во употреба Заштитената соба со примена на најдобрите практики на управување со безбедносниот сектор кој ќе обезбедува приспособливост на идниот напредок во надзорот над безбедноста и разузнавањето.
Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации која учествуваше од самиот почеток на проектот изврши акредитација на комуникациско-информацискиот систем на заштитената соба со што се финализираше постапката за нејзино пуштање во употреба применувајќи ги највисоките безбедносни стандарди во земјата за заштита на класифицираните информации.
Деветнаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 06 март 2023 година
Дирекцијата рангирана како институција со високо ниво на транспарентност
Извештај за транспарентност на АЗПСПИЈ од 2022 година
Согласно извештајот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер од 2022 година за транспарентноста на државните институции во Република Северна Македонија, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е рангирана како институција со високо ниво на транспарентност. Високиот скор од 43 бодови (шест бодови повеќе од 2021 година) на скалата на транспарентност е резултат на посветеноста и отвореноста на Дирекцијата да овозможи слободен пристап до информациите од јавен карактер коишто ги создала и/или со коишто располага. Ваквиот висок резултат претставува дополнителен поттик за Дирекцијата да продолжи со зголемувањето на транспарентноста и отвореноста кон јавноста.
Осумнаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2022 година
Интерен оглас 01/2021
Скопје, 23 јули 2021 година
Дирекција за безбедност на класифицирани информации - Оглас 01/2021
Седумнаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2021 година
Шеснаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2020 година
![]() |