Мадрид, 10-12 април 2018 година
Во рамките на „Студиската посета за размена на добрите пракси во областа на взаемната размена и заштита на класифицирани информации“, а со поддршка на TAIEX инструментот на Европската Комисија, во периодот од 10-12 април 2018 година, тричлена делегација од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации престојуваше во Мадрид, Кралството Шпанија, како гости на шпанската Националната канцеларија за безбедност. Целта на студиската посета беше размена на искуствата во областа на персоналната безбедност односно спроведувањето на безбедносните проверки за издавање на безбедносни сертификати и постапките за издавање на безбедносни сертификати на земјите членки на ЕУ.