Нова Уредба за физичка безбедност на класифицирани информации (*)

Скопје, 22 август 2025 година

 

На 21 август 2025 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.175/2025 е објавена новата Уредба за физичка безбедност на класифицирани информации (*). Уредбата може да ја преземете на следниот линк:


Уредба за физичка безбедност на класифицирани информации (*)

  • Исправка на Уредбата за физичка безбедност на КИ-Службен весник на РСМ бр. 228 од 10.11.2025

  • Нова Уредба за административна безбедност на класифицирани информации и на информации за ограничена употреба(*)

    Скопје, 2 октомври 2023 година

     

    На 29 септември 2023 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 204/2023 беше објавена новата Уредба за административна безбедност на класифицирани информации и на информации за ограничена употреба (*). Уредбата може да ја преземете на следниот линк:


    Уредба за административна безбедност на класифицирани информации и на информации за ограничена употреба(*)

    Нова Уредба за безбедност на лица-корисници на класифицирани информации(*)

    Скопје, 19 jули 2022 година

     

    На 11 јули 2022 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 157/2022 беше објавена новата Уредба за безбедност на лица-корисници на класифицирани информации(*). Уредбата може да ја преземете на следниот линк:


    Уредба за безбедност на лица-корисници на класифицирани информации(*)


    Picture

    Насоки за начинот на пополнување на безбедносниот прашалник

    Скопје, 26 Јуни 2025 година

     

    Безбедносниот прашалник, уреден со Правилникот за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/25) е образец што се пополнува од страна на лицето кандидат кој има потреба да поседува безбедносен сертификат (национален, НАТО или ЕУ) во зависност од степенот на класифицираните информации (ДОВЕРЛИВО, СТРОГО ДОВЕРЛИВО или ДРЖАВНА ТАЈНА) до кои тоа лице има потреба за пристап согласно принципот „потребно е да знае“. Безбедносниот прашалник се пополнува електронски, лично од страна на кандидатот, на македонски јазик со кирилско писмо.
    Подетални насоки за начинот на пополнување на безбедносниот прашалник може да најдете во следниов документ:


    Насоки за начинот на пополнување на безбедносниот прашалник


    Во продолжение може да ги најдете безбедносните прашалници:


    Безбедносен прашалник за физичко лице


    Безбедносен прашалник на англиски јазик (Се пополнува електронски)


    Безбедносен прашалник за правно лице


    За соодветно пополнување на безбеносните прашалници препорачуваме употреба на:
    Adobe Acrobat Reader или Foxit Reader


    Електронски систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

    Скопје, 22 јуни 2020 година

     

    Согласно член 69 став 2 алинеја 10 од Законот за класифицирани информации(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е надлежна за организирање и спроведување обуки за безбедност на класифицирани информации. Следејќи ги искуствата на националните безбедносни авторитети на други држави членки на НАТО и современите текови во областа на едукацијата и развојот на информатичката технологија, Дирекцијата воведе електронски систем за обука за Законот за класифицирани информации(*).

    До електронскиот систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации можете да пристапите преку следниов линк:


    Електронски систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации [ЕСО на ДБКИ]


    ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.02/2025



    Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации објавува ИНТЕРЕН ОГЛАС за унапредување на два(2)административни службеници.


    Одлуки за избор за унапредување на два (2) административни службеници во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации по Интерен оглас Бр.02/2025


    Датум на објава : 20.06.2025 година


    Краен рок за достава на документи: 24.06.2025 година



    Заинтересираните админситративни службеници и кандидати поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Дирекцијата и одделението за управување со човечки ресурси на hr@dbki.gov.mk


    Условите и пријавата за огласот можете да ги прегледате на следниот линк:
    ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.02/2025 - Дирекција за безбедност на класифицирани информации


    21 Година од основањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

    Скопје, 05 март 2025 година

     

    Picture

    Picture

    На 05.03.2025 година, на пригоден настан, беше одбележана 21-вата годишнина од основањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. По тој повод, на вработен административен службеник во Дирекцијата му беше оддадено признание за дадениот придонес во градењето на капацитетите и остварувањето на целите и задачите на Дирекцијата. На годишнината присуствуваа и претставници на Канцеларијата за заштита на тајни податоци на Владата на Република Словенија, при што на директорот на Канцеларијата му беше врачена благодарница за долгогодишната соработка и поддршката на работата на Дирекцијата.

    Акредитација на комуникациско-информацискиот систем на Заштитената соба на Собранието на Република Северна Македонија

    Скопје, 21 oктомври 2024 година

     

    Picture

    На ден 21.10.2024 година во Собранието на Република Северна Македонија беше пуштена во употреба Заштитената соба со примена на најдобрите практики на управување со безбедносниот сектор кој ќе обезбедува приспособливост на идниот напредок во надзорот над безбедноста и разузнавањето.

     

    Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации која учествуваше од самиот почеток на проектот изврши акредитација на комуникациско-информацискиот систем на заштитената соба со што се финализираше постапката за нејзино пуштање во употреба применувајќи ги највисоките безбедносни стандарди во земјата за заштита на класифицираните информации.

     

    Четиринесетти состанок на директорите на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA)

    Софија, 17 октомври 2024 година

     

    Во организација на Државната комисија за согурноста по информациите на Република Бугарија (Национален безбедносен авторитет на Република Бугарија), со поддршка на Регионалниот совет за соработка (РСС), на 17 октомври 2024 година во Софија се одржа 14-тиот состанок на директорите на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA). На состанокот учествуваа претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Молдавија, Северна Македонија, Словенија и Црна Гора, како и претставници на РСС.

     

    Акцентот на состанокот беше ставен на тековните активности на националните безбедносни авторитети на земјите учеснички, како и на нивните планови за натамошно успешно справување со постојните предизвици во секојдневната работата. Предмет на дискусија беа и облиците на соработка меѓу националните безбедносни авторитети и иднината на SEENSA иницијативата во насока на зајакнување на регионалната соработка на полето на заштитата на класифицираните информации.

    Syndicate content