Проекти

Скопје, декември 2008 година

 

Во текот на 2008 година претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации зедоа активно учество во реализацијата на бројни активности за имплементација на национални стратегии и меѓуинституционални проекти.

Од нив, позначајни се активностите сврзани со:

  • Националната разузнавачка база на податоци (преку учество во Управниот одбор во политичкиот дел, преку учество на експерти во изготвување на законска рамка и во обезбедувањето информатички стандарди и решенија во стручниот дел);
  • Проектот за интегрирано гранично управување;
  • Националната стратегија за информатичко општество;
  • Комисијата за утврдување на правото за електронски потпис во рамките на Проектот за издавање електронски сертификати;
  • Меѓусебното поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу државните органи и институции;
  • уредувањето на процедурите за размена на класифицирани информации во Акциониот план за соработка со Европол;
  • Проектот за визно олеснување
  • и во други проекти во кои се бара експертско мислење од Дирекцијата.