Билатерални преговори со Република Србија

Скопје, 5-6 март 2012 година

 

На покана на шефот на делегацијата на Република Македонија за водење преговори за склучување спогодби за размена на класифицирани информации на билатерална основа со други држави, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, на 5 и на 6 март 2012 година во Скопје престојуваше делегација на Канцеларијата на Советот на за национална безбедност на Република Србија, предводена од директорот, г. Горан Матиќ. Целта на посетата беше усогласување на текстот на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за размена и заемна заштита на класифицирани информации. Преговорите што резултираа со договорен текст на спогодбата се одвиваа во мошне конструктивна и пријателска атмосфера.

Посетата на српската делегација беше искористена и за размена на искуства со претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во доменот на работата и заштитата на класифицираните информации, како и за утврдување на можностите и активностите за понатамошно унапредување на заемната соработка.