Билатерални разговори со НБА на Република Словенија за имплементација на спогодбата за размена и заемна заштита на класифицирани

Скопје, 5 мај 2011 година

 

На 11 и 12 мај 2011 година во Љубљана, по покана на Националниот безбедносен авторитет на Република Словенија, ќе се одржат билатерални разговори за имплементацијата на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за размена и заемна заштита на класифицирани информации, којашто беше потпишана на 31 март 2010 година во Скопје и влезе во сила на 1 јануари 2011 година.

На разговорите, на највисоко ниво на националните безбедносни авторитети на двете земји, ќе бидат дискутирани повеќе прашања сврзани со практичната примена на одредбите од билатералната спогодба во меѓусебната соработка на надлежните служби на Република Македонија и на Република Словенија во доменот на заштитата на класифицираните информации и на процедурите за безбедносна проверка на корисниците на класифицирани информации.