TAIEX работилница

Скопје, 13-14 март 2012 година

 

На 13-14 март 2012 година во Скопје се одржа работилницата на тема „Критериуми, мерки и стандарди за физичка безбедност на класифицирани информации во државните органи, јавните претпријатија и приватните компании“. Работилницата беше организирана во соработка со Европската комисија од Брисел, во рамките на TAIEX инструментот.

Претседавач на работилницата беше директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, а презентери беа експерти за физичка безбедност на националните безбедносни авторитети на Кралството Шпанија, на Словачката Република, на Ребулика Унгарија и на Република Кипар: г. Хавиер Лугедо Калдерон, г. Петер Гребач, г-ца Софија Сабо и г. Илиас Хацикумис.

На Работилницата учествуваа претставници на 60-тина државни органи, приватни компании и други правни лица корисници на класифицирани информации, коишто од предавањата имаа можност да се запознаат со критериумите, мерките и стандардите за физичка безбедност на класифицирани информации во ЕУ и во земјите од коишто беа предавачите. Дискусиите што следуваа по секое излагање укажуваат на интересот што го предизвикаа предавањата, како и на подготвеноста на заинтересираните правни и физички лица корисници на класифицирани информациии за имплементирање и надградба на веќе постојните критериуми, мерки и стандарди за физичка безбедност на класифицирани информации.