Нов термин за билатералните преговори со ИталијаСкопје, февруари 2012 година
Поради временските услови, на барање на италијанската страна, втората фаза од билатералните преговори меѓу делегациите на Република Македонија и на Република Италија за склучување спогодба за размена и заемна заштита на класифицирани информации, што требаше да се реализира во периодот од 20 до 22 февруари 2012 година во Скопје, ќе се одржи во април 2012 година. Новиот термин ќе биде дополнително утврден. |