Билатерални преговори со Националниот безбедносен авторитет на Италијанската Република

20-21 септември 2011, Рим

 

На иницијатива на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, а по покана на Националниот безбедносен авторитет на Италијанската Република, на 20-21 септември 2011 година во Рим се одржа првата фаза од билатералните преговори за усогласување на текстот на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Италијанската Република за размена и заемна заштита на класифицирани информации. Преговорите коишто резултираа со договорена прва верзија на текстот на спогодбата, се одвиваа во конструктивна атмосфера пришто беа разменети досегашните искуства на двете дирекции во доменот на заштитата на класифицираните информации.

Двете страни оценија дека е потребно што поскоро завршување на преговорите и потпишување на спогодбата што би било полезно особено од аспект на индустриската безбедност заради зголемениот број на правни лица од Италијанската Република што се јавуваат на класифицирани тендери во Република Македонија. Од таа причина, делегациите на двете страни се договорија втората фаза од преговорите да се одржи во Скопје во почетокот на 2012 година.