Канцеларија за безбедност на Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ

Канцеларијата за безбедност на Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ e надлежен орган на Советот на ЕУ за соработка со Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во доменот на разменета и заштитата на класифицирани информации што се разменуваат меѓу Република Македонија и ЕУ.

По утврдена потреба, здружен инспекциски тим, составен од претставници на Канцеларијата за безбедност на Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ, претставник на Европската Комисија и претставник на националниот безбедносен авторитет на некоја земја членка, доколку за тоа изрази желба, врши инспекција на Централниот регистар на ДБКИ и регистрите лоцирани во министерствата и другите државни органи и ДКП-а на Република Македонија каде што се чуваат и каде што се ракува со класифицирани информации на ЕУ.

Соработката со Канцеларијата за безбедност на Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ е на многу високо професионално ниво, за што сведочат позитивните резултати од извршените инспекции во Република Македонија и посетата на Советот на ЕУ од страна на претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации по покана на челниците на Канцеларијата за безбедност на Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ.