Подготвителна обука за полагање на ТОЕФЛ

Скопје, јуни 2014 година

 

Во периодот од 19.05 до 12.06. 2014 година, во просториите на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации се одржа подготвителна обука за полагање на ТОЕФЛ тестот по англиски јазик наменета за вработените во Дирекцијата. Обуката беше спроведена во соработка со Indiana Weslеyаn University од Соединетите Американски Држави, а истата беше реализирана од страна на професорките Кејла Бејлс и Рејчел Гаглиардо, под менторство на професорката Рашел Нил. По завршувањето на обуката, вработените се стекнаа со дополнителни знаења, вештини и умеења за полагање на ТОЕФЛ тестот по англиски јазик и за тоа се стекнаа со соодветни сертификати.