Notice: Trying to get property of non-object in /home/direkcija/public_html/modules/locale/locale.module on line 175
 TAIEX Студиска посета на Република Словенија | Дирекција за безбедност на класифицирани информации

TAIEX Студиска посета на Република Словенија

warning: preg_split(): No ending delimiter ',' found in /home/direkcija/public_html/sites/all/modules/localizer/localizer.module on line 1260.

Љубљана, 9-13 јули 2018 година

 

Во периодот од 09–13.07.2018 година инспекторите за безбедност на класифицирани информации реализираа студиска посета на Република Словенија, на тема инспекциски надзор и казнени одредби. Студиската посета беше организирана во соработка со НСА Словенија, со поддршка на TAIEX инструментот на Европската комисија. Ефективни работни денови беа од 10-12.07.2018 година во просториите на НСА Словенија.
На обуката свое излагање имаа лица вработени од НСА Словенија, Милан Тарман – државен секретар, Војко Кос – виш советник инспектор во МВР и Јоже Крањц – виш советник инспектор во МО.
Целта на студиската посета беше да се зголемат знаењата на учесниците во студиската посета околу инспекцискиот надзор и механизмите на ЕУ по однос на класифицираните информации, запознавање со законските одредби и поставеноста на инспекцискиот тим во ЕУ членките, запознавање со воспоставените казнени одредби во ЕУ членките како и споделување на позитивни решенија и добри пракси околу имплементирањето на казнените одредби, а со цел да се подигне свеста при ракување со класифицирани информации.