Студиска посета на Брисел како втора фаза од обуката за Заедничка надворешна безбедносна политика и сајбер безбедностБрисел , 18-21 април 2016 година
Претставник на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации беше дел од групата што во периодот од 18 до 21 април 2016 година ја реализираше студиската посета на Брисел во организација на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) како втора фаза од обуката на тема „Заедничка надворешна безбедносна политика и сајбер безбедност“ - Програма 5: CFSP and cyber security (поглавја 31 и 24 од НПАА). Студиската посета беше организирана во рамките на петтиот циклус на обуки на Норвешкиот проект: Одржлив систем на ЕУ обуки и учењe, чијашто цел е зајакнување на аналитичките капацитети на работните групи за подготовка на НПАА, во подготовка на првата фаза на преговори (аналитички преглед на acquis). |