Издадени безбедносни сертификати во 2008 година

Скопје, декември 2008 година

 

Во 2008 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за лица вработени во државните органи и институции издаде вкупно 4868 безбедносни сертификати, од кои национални - 3144; НАТО - 928 и ЕУ – 796. Воедно, Дирекцијата издаде и 17 дозволи за пристап до национални класифицирани информации за 37 странски државјани.

Од областа на индустриската безбедност Дирекцијата издаде 300 национални безбедносни сертификати.

ДБКИ во НАТО

Скопје, декември 2008 година

 

Како носител на дел од Акциониот план за членство во НАТО во делот што се однесува на безбедносните прашања, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации има ангажмани во тела за интеграции во НАТО, како што е Комитетот за НАТО интеграции.

Претставници на Дирекцијата земаат активно учество и во работата на Работната група за надворешна безбедносна и одбранбена политика под раководство на Секторот за европски прашања, со особен ангажман во изработката на Глава 31 од НПАА.

Проекти

Скопје, декември 2008 година

 

Во текот на 2008 година претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации зедоа активно учество во реализацијата на бројни активности за имплементација на национални стратегии и меѓуинституционални проекти.

Од нив, позначајни се активностите сврзани со:

Софтвер за евиденција на издадени безбедносни сертификати

Скопје, декември 2008 година

 

Во соработка со „ГОРД Системи“ – Скопје, во декември 2008 година е изработен софтвер за евиденција на издадени безбедносни сертификати и дозволи за пристап до класифицирани информации – национални, ЕУ и НАТО, и истиот е имплементиран во Одделението за безбедност на физички и правни лица во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ). Фазата на тестирање на софтверот ќе трае од јануари до март 2009 година.

Студиска посета на SOCA

Лондон, ноември 2008 година

 

Во ноември 2008 година претставници на Дирекцијата имаа студиски престој во Лондон заради согледување на можностите сврзани со учеството во Проектот за национална разузнавачка база на подрачјето на Република Македонија. Едновремено беа остварени контакти за потпишување Меморандум за разбирање и соработка меѓу Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации од македонска страна и Агенцијата за борба со сериозни облици на криминал (SOCA) од британска страна. За таа цел беше изработена  и првата верзија на текстот на Меморандумот.

Јавна дебата

Скопје, 27 ноември 2008 година

 

Претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на јавната дебата во врска со предлог-измените на Законот за пристап до информации од јавен карактер што се одржа на 27 ноември 2008 година во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје.

Спогодба со Естонија

Скопје, 20 ноември 2008 година

 

На 20 ноември 2008 година во Скопје беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Естонија за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

Во име  на Владата на Република Македонија, Спогодбата ја потпиша м-р Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на Република Македонија. Во име на Владата на Република Естонија, Спогодбата ја потпиша г-дин Урмас Пает, министер за надворешни работи на Република Естонија.

Спогодбата, којашто Парламентот на Република Македонија ја ратификува во април 2009 година, влезе во сила на 1 јуни 2009 година.

Спогодба со Хрватска

Загреб, 14 ноември 2008 година

 

На 14 ноември 2008 година во Загреб беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

По овластување на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во име на Владата на Република Македонија, Спогодбата ја потпиша в.д. директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Спогодба со Словачка

Скопје, 6 ноември 2008 година

 

На 6 ноември 2008 година во Скопје беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Словачката Република за заемна заштита на класифицирани информации.

По овластување на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во име на Владата на Република Македонија Спогодбата ја потпиша в.д. директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Syndicate content