Нацрт-закон за криптозаштита во РМ

Скопје, октомври 2007 година
 
Согласно обврските преземени во Годишната национална програма за подготовки на Република Македонија за членство на Република Македонија во НАТО, вработени од Дирекцијата активно учествуваат во меѓуресорската работна група за изработка на Нацрт-законот за криптозаштита во Република Македонија, којшто заради дополнителни разговори и усогласувања на ставовите на инволвираните институции сè уште не е пуштен во владина процедура. Со работната група раководи директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.