Notice: Trying to get property of non-object in /home/direkcija/public_html/modules/locale/locale.module on line 175
Посета на претставник од САД

Посета на претставник од САД

Скопје, март 2009 година

 

По иницијатива на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) за отпочнување преговори за потпишување билатерална спогодба за размена и заштита на класифицирани информации меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, во март 2009 година, во дводневна официјална посета на Дирекцијата беше г-дин Питер Батен, директор на Одделот за меѓународни безбедносни програми во Канцеларијата на Потсекретарот за одбрана на САД за политика.

Првичната средба заврши успешно и се очекува во наредниот период преминување во втора фаза на преговори меѓу Делегацијата за преговори на САД и Делегацијата на Република Македонија за водење преговори за склучување спогодби за размена на класифицирани информации на билатерална основа со други држави, предводена од директорот на ДБКИ.