Скопје, септември-октомври 2016 година
Во рамките на твининг проектот МК 10 IPA OT 02 14 „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција“, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации реализираа учество на повеќе обуки за ЕУ интеграција. Согласно планот и организацијата на Секретаријатот за европски прашања, обуките беа спроведени од страна на експерти од Хрватска, Полска и Германија, како и од Секретаријатот за европски прашања и од Секретаријатот за законодавство од Македонија.
Целта на обуките беше јакнење на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција, вклучувајќи и јакнење на аналитичките капацитети и воспоставување квалитет во подготовката на законодавството според стандардите на ЕУ. Од таа причина обуките првенствено беа наменети за вработени во државната администрација коишто учествуваат во подготовка на законодавството и во хармонизацијата со ЕУ регулативата, за членови на НПАА РГ и вработени во секторите за европска интеграција, односно за лица кои директно или индиректно се вклучени во процесот на европска интеграција.