Notice: Trying to get property of non-object in /home/direkcija/public_html/modules/locale/locale.module on line 175
Посета на директорот на НСА на Словенија

Посета на директорот на НСА на Словенија

Скопје, 14-16 април 2015 година

 

По покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, на 15 април 2015 година во просториите на ДБКИ се одржа состанок на директорско ниво со претставници на Канцеларијата за заштита на класифицирани информации на Владата на Република Словенија. Делегацијата на Словенија беше предводена од директорот на Канцеларијата.
На состанокот беа дискутирани повеќе прашања од заемен интерес за националните безбедносни авторитети на двете земји. Притоа, акцентот беше ставен на практичната примена на склучената билатерална спогодба за размена и заемна заштита на класифицирани информации, на постојната соработка во форматот 6S и во рамките на SEENSA форумот, на претстојната пленарна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG) во којашто ДБКИ има статус на набљудувач, како и за можностите за влегување во заеднички проекти на соработка со користење на механизми за финансирање од НАТО и од ЕУ.