НАТО Работилница

Охрид, 10-13 јуни 2013 година

 

Во периодот од 10-13 јуни 2013 година во Охрид се одржа НАТО работилница за напредно истражување за развој на политиката за сајбер одбрана, на којашто учествуваа и тројца претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Предавањата на Работилницата беа подготвени и реализирани од највисоките академски кругови: професори од Норвиџ универзитетот од САД, којшто воедно беше и коорганизатор на Работилницата, професори од Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје, од универзитетот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, потоа од универзитетите на Молдавија, Грција, Хрватска и од други земји членки на Алијансата, како и професор од НАТО Центарот за обука Гармиш-Партенкирхен од Германија.

Целта на Работилницата беше да се пренесат едукативно-истражувачките искуствата и практики, како и нивно споредување со конкретни искуства на министерствата во Република Македонија. Во таа смисла, на Работилницата учествуваа претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана на Република Македонија.

Во рамките на Работилницата беа изведени и едукативни вежби сврзани со утврдувањето на позицијата и одговорноста на органите и институциите во државата по однос на изработка и спроведување на стратегијата за одбрана од сајбер напади, како и позиционирање и комуникација со други такви органи во државата и пошироко.