TAIEX Студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Сојузна Република Германија

Бон/Берлин, 04-09 jуни 2012 година

 

Тројца претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации од 4 до 9 јуни 2012 година беа во студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Сојузна Република Германија, организирана со поддршка на TAIEX инструментот на Европската комисија.
Целта на посетата беше запознавање со работата на германските институции кои имаат надлежности во заштитата и ракувањето со класифицирани информации, со акцент на информатичката безбедност. Притоа, беа извршени работни посети на Федералната институција за безбедност на информациите, на Министерството за економија и технологија во Бон, како и на Националниот безбедносен авторитет на Сојузна Република Германија во Берлин.

Оваа студиска посета е од големо значење за Република Македонија, затоа што беа стекнати нови искуства и практики во заштитата и ракувањето со класифицирани информации. Овие искуства и остварените контакти со германските претставници ќе придонесат за унапредување на билатералната соработка и за практичната имплементација на потпишаниот меморандум за договор за техничка и информатичка соработка и на билатералниот договор за заемна заштита на класифицирани информации што наскоро треба да се потпише меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.