Скопје, март 2011 година
Во рамките на активностите за влегување во договорна соработка со САД во доменот на размената и заштитата на класифицираните информации, во тек се подготовките за посетата на преговарачкиот тим на САД на Република Македонија којашто ќе се реализира во периодот од 2 до 6 мај 2011 година.
Оваа посета ќе претставува реализација на втората фаза од процедурата на билатерални преговори меѓу Република Македонија и САД за склучување генерална спогодба за размена на класифицирани информации во делот на одбраната. Целта на посетата е анализа на постојната легислатива во Република Македонија заради утврдување на компатибилноста на легислативите во двете земји, како и остварување средби со официјални лица во доменот на безбедноста на класифицираните информации, по што би следеле финални преговори за потпишување генерален договор меѓу Република Македонија и САД за безбедност на класифицираните информации во делот на одбраната.