Скопје, 16-17 март 2011 година
На 16-17 март 2011 година во Скопје се одржа работилницата на тема „Задолжителни одредби за административна, физичка и информатичка безбедност/NCSA“. Работилницата беше организирана во соработка со Европската комисија од Брисел, во рамките на TAIEX програмата.
Презентери на работилницата беа директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, г-дин Урлих Ван Есен и г-дин Себастијан Леоне, раководители на одделите за информатичка безбедност и за безбедносна комуникација во Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ, г-дин Мати Кесалајнен, консултант на Националниот безбедносен авторитет на Република Финска и г-дин Роберт Пекарчик, претставник на Националниот безбедносен авторитет на Словачката Република.
На работилницата учествуваа претставници на 60-тина државни органи, приватни компании и други правни лица корисници на класифицирани информации
Работилницата имаше позитивен одглас кај сите учесници и претставуваше добра можност за размена на искуства и компарација на напредокот во заштитата на класифициараните информации во ЕУ, во Република Финска, во Словачката Република и во Република Македонија.