Останато

Вежба ,,CMX – 2009“

Скопје, 04-10 март 2010 година

 

Во периодот од 04 до 10 март 2010 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, во рамките на своите законски надлежности, ќе учествува во заедничката симулациона НАТО вежба – ,,CMX 2009’’, чијшто носител е Центарот за управување со кризи. На вежбата во доменот на кризниот менаџмент ќе земат учество околу стотина претставници од државните органи и институциите на Република Македонија определени со Одлука на Владата на Република Македонија бр.51-913/1 од 16 февруари 2010 година.

Спортски ден

Скопје, 18 февруари 2010 година

 

На 18 февруари 2010 година беше одбележан денот на „Меѓународниот совет за воени спортови“ во организација на Армијата на Република Македонија.

На покана на командантот на Касарната „Гоце Делчев“, со цел промовирање на здравјето и физичката активност на вработените од сите институции коишто се лоцирани во Касарната, претставници од Дирекцијата учествуваа во спортските дисциплини мал фудбал со една екипа (10 учесници) и пинг понг (2 учесници). Во натпреварот на двојки во пинг понг, екипата на Дирекцијата го освои третото место.

Редизајн на веб-страницата на ДБКИ

Скопје, 30 декември 2009 година

 

На 30 декември 2009 година официјално беше промовирана редизајнираната веб-страница на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Проектот за редизајнирање на веб-страницата, којшто траеше два месеци, го изработи тим на информатичари од Дирекцијата.

Издадени безбедносни сертификати во 2009 година

Скопје, декември 2009 година

 

Во 2009 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за лица вработени во државните органи и институции издаде вкупно 4829 безбедносни сертификати, од кои национални - 3443; НАТО - 795 и ЕУ – 591. Воедно, Дирекцијата издаде и 1 дозвола за пристап до национални класифицирани информации за 1 странски државјанин.

Од областа на индустриската безбедност, Дирекцијата издаде 343 национални безбедносни сертификати, како и 3 НАТО безбедносни сертификати.

Издадени безбедносни сертификати во 2008 година

Скопје, декември 2008 година

 

Во 2008 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за лица вработени во државните органи и институции издаде вкупно 4868 безбедносни сертификати, од кои национални - 3144; НАТО - 928 и ЕУ – 796. Воедно, Дирекцијата издаде и 17 дозволи за пристап до национални класифицирани информации за 37 странски државјани.

Од областа на индустриската безбедност Дирекцијата издаде 300 национални безбедносни сертификати.

Проекти

Скопје, декември 2008 година

 

Во текот на 2008 година претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации зедоа активно учество во реализацијата на бројни активности за имплементација на национални стратегии и меѓуинституционални проекти.

Од нив, позначајни се активностите сврзани со:

Софтвер за евиденција на издадени безбедносни сертификати

Скопје, декември 2008 година

 

Во соработка со „ГОРД Системи“ – Скопје, во декември 2008 година е изработен софтвер за евиденција на издадени безбедносни сертификати и дозволи за пристап до класифицирани информации – национални, ЕУ и НАТО, и истиот е имплементиран во Одделението за безбедност на физички и правни лица во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ). Фазата на тестирање на софтверот ќе трае од јануари до март 2009 година.

Јавна дебата

Скопје, 27 ноември 2008 година

 

Претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на јавната дебата во врска со предлог-измените на Законот за пристап до информации од јавен карактер што се одржа на 27 ноември 2008 година во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје.

Советување

Скопје, март 2008 година

 

Во периодот февруари - март 2008 година Дирекцијата ги одржа Второто и Третото советување за примена на Законот за класифицирани информации и на Законот за следење на комуникации со претставници на државни органи и приватни фирми коишто се задолжени со примената на Законот за следење на комуникациите.

Syndicate content