Семинари и обуки

Обука

Брисел, јануари 2009 година

 

Во јануари 2009 година, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации извршија обука за работа со класифицирани информации на вработените во Мисијата на Република Македонија при Европската заедница во Брисел.

Контрола и обука во Финансиска полиција

Скопје, јануари 2009 година

 

Во јануари 2009 година, Дирекцијата изврши контрола на условите за работа со класифицирани информации во Финансиската полиција, како и обука на вработените за работа со класифицирани информации.

Обука за МВР - УБК

Струмица, октомври 2008 година

 

Во октомври 2008 година во Струмица, на барање на МВР – УБК, Дирекцијата изврши дводневна обука за работа со класифицирани информации за технички документаристи и аналитичари од Централата и од подрачните единици на УБК.

Обука за Основен суд - Гостивар

Гостивар, септември 2008 година

 

Во септември 2008 година, Дирекцијата изврши обука на вработените за работа и чување на класифицирани информации во Основниот суд во Гостивар.

Обука за CIVIPOL

Скопје, јули 2008 година

 

Во јули 2008 година, како помош во реализацијата на проектот CIVILPOL на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата реализираше обука за претставниците на CIVILPOL во Република Македонија за важечките национални прописи и регулативи за работа со класифицирани информации. По обуката на присутните им беа издадени дозволи за пристап до национални класифицирани информации, со коишто им беше олеснето спроведувањето на нивниот проект на територијата на Република Македонија.

Семинар

Охрид, јуни 2008 година

 

Во јуни 2008 година во Охрид, Дирекцијата одржа семинар на тема ,,Искуства и предизвици во прибирање и заштита на класифицирани разузнавачки информации и спроведување на оперативни безбедносни проверки“ на кој учествуваа највисоките раководни и овластени лица на државните органи коишто ракуваат со класифицирани и со разузнавачки информации. На Семинарот, на покана на Дирекцијата, присуствуваа директорот и експерти од Канцеларијата на НАТО за безбедност од Брисел.

Контрола и обука

Скопје, март 2008 година

 

Во март 2008 година Дирекцијата изврши контрола на условите во судовите и во обвинителствата во Република Македонија за работа со класифицирани информации, како и обука на вработените во Основниот суд Скопје – Скопје 1. Исто така, Дирекцијата изврши и обука за работа со класифицирани информации за судии и судската администрација. Особено внимание и приоритет беше даден на обуката за јавните обвинители за организиран криминал.

Во активностите со обвинителствата Дирекцијата беше вклучена во одвивањето на „твининг“ проектот со италијански експерти за поврзување во заедничка база на податоци на сите истражни органи.

Одржани семинари во 2007 година

Скопје, декември 2007 година

  • На 1 октомври 2007 година во Скопје се одржа Семинар со овластените лица во министерствата и во другите државни органи и со правни лица за запознавање со измените и дополненувањата на Законот за класифицирани информации.
  • На 10 октомври 2007 година во Скопје се одржа Семинар за административна безбедност на класифицирани информации.
  • На 20 ноември 2007 година во Скопје се одржа Семинар за информатичка безбедност на класифицирани информации.
  • На 21 декември 2007 година во Скопје се одржа Семинар за индустриска безбедност на класифицирани информации.
Syndicate content