Прв состанок на MISWG AHWG 10

Тел Авив, 12-13 април 2016 година

 

По формирањето на MISWG конференцијата што се одржа во септември 2015 година во Тел Авив, Израел, ad-hoc работната група на MISWG за Странска сопственост, контрола или влијание (Foreign Ownership, Control or Influence – FOCI) го одржа својот прв состанок на 12-13 април 2016 година во Тел Авив.
На состанокот учествуваа претставници на националните авторитети за индустриска безбедност на земјите членки на AHWG 10: Израел, САД, Канада, Белгија, Холандија, Италија, Македонија, Германија, Словенија, Шпанија и Нов Зеланд. Не беа присутни само претставниците на Велика Британија и Австралија, а Шведска, како домаќин на MISWG конференцијата што ќе се одржи во септември 2016 година, беше присутна во улога на набљудувач.
На состанокот беа презентирани националните извештаи за FOCI состојбите во земјите членки и беа договорени активностите на работната група што треба да се реализираат до наредната MISWG конференција.