Средба со директорот на Програмата наука за мир и безбедност

4 јули 2018 година, Брисел, Белгија

 

PictureНа 4 јули 2018 година во новото седиште на НАТО во Брисел, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески оствари средба со директорот на Програмата наука за мир и безбедност (SPS - Science for Peace and Security), д-р Дениз Бетен. На средбата беше разговарано за тековните активности и предизвици на Дирекцијата во однос на исполнувањето на стандардите на НАТО заради целосна подготвеност на Република Македонија за добивање статус на полноправна членка на НАТО. Исто така, беше разгледана можноста за поддршка и помош од страна на SPS програмата за надминување на најновите предизвици во делот на сајбер безбедноста. За таа цел во наредниот период е договорена советодавна мисија од страна на НАТО тимот во Скопје, при што ќе се утврдат приоритетите и безбедносните мерки што ќе треба да се подобрат или исполнат. Притоа директорот на SPS програмата упати честитки кон Владата на Република Македонија за напорите кои ги направи во изминатиот период во однос на евроинтеграциските процеси и во однос на работата на Дирекцијата којашто придонесува за безбедноста на НАТО класифицираните информации и исполнување на НАТО стандардите во оваа област.