Средба со директорот на НАТО Канцеларијата за безбедност | Дирекција за безбедност на класифицирани информации

Средба со директорот на НАТО Канцеларијата за безбедност

Брисел, 23 ноември 2017 година

 

PictureНа 23 ноември 2017 година во Седиштето на НАТО во Брисел, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески оствари средба со директорот на НАТО Канцеларијата за безбедност, г-ѓа Венди Башнан, којашто покрај менаџирањето на Канцеларијата има функција и на главен советник на Генералниот секретар на НАТО за безбедносни прашања и на Претседавачот со Воениот комитет на НАТО и претседава со комитети на високо ниво. На средбата беше разговарано за тековните активности на Дирекцијата и беа разменети мислења за можностите за поблиска соработка меѓу двете служби. Притоа беше повторена и акцентирана поддршката на НАТО за напорите на Република Македонија во рамките на евроинтеграциските процеси, а со тоа и на работата на Дирекцијата којашто придонесува за остварување на зацртаните цели на Владата во таа насока.