Какви видови безбедносни сертификати постојат и за кои степени?

 

Постојат два вида безбедносни сертификати коишто ги издава Дирекцијата, и тоа: безбедносен сертификат за физичко лице и безбедносен сертификат за правно лице. Безбедносните сертификати може да се издадат за ракување со национални, со НАТО или со ЕУ класифицирани информации.

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации издава национални безбедносни сертификати до највисокиот степен „Државна тајна“. За НАТО и за ЕУ класифицирани информации Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации издава безбедносни сертификати до степен „Строго доверливо“, со оглед на потпишаните договори на билатерална основа помеѓу Република Македонија и НАТО, односно Република Македонија и ЕУ.