Зошто е потребен безбедносен сертификат?

 

Согласно Законот за класифицирани информации(*) („Службен весник на РСМ“, бр. 275/19) секое лице кое има потреба од пристап до и работа со класифицирани информации мора да има безбедносен сертификат соодветен на степенот на класификација на информацијата или безбедносен сертификат со повисок степен.