Спортски денСкопје, 18 февруари 2010 година
На 18 февруари 2010 година беше одбележан денот на „Меѓународниот совет за воени спортови“ во организација на Армијата на Република Македонија. На покана на командантот на Касарната „Гоце Делчев“, со цел промовирање на здравјето и физичката активност на вработените од сите институции коишто се лоцирани во Касарната, претставници од Дирекцијата учествуваа во спортските дисциплини мал фудбал со една екипа (10 учесници) и пинг понг (2 учесници). Во натпреварот на двојки во пинг понг, екипата на Дирекцијата го освои третото место. |