Билатерални преговори со Црна Гора

Подгорица, 24 декември 2018 година

 

По покана на директорот на Дирекцијата за заштита на тајни податоци на Црна Гора, на 24 декември 2018 година во Подгорица беа реализирани билатерални преговори за усогласување на текстот на договорот за размена и заемна заштита на класифицирани меѓу владите на двете земји. Македонската четиричлена делегација, предводена од директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, беше составена од претставници на Дирекцијата, на Министерството за надворешни работи и на Министерството за внатрешни работи. Црногорската делегација којашто беше составена од претставници на Дирекцијата за заштита на тајни податоци, ја предводеше директорот на Дирекцијата.

Билатерални разговори со НСА на Хрватска

Скопје, 08 ноември 2018 година

 

По покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, на 08 ноември 2018 година во просториите на Дирекцијата се одржа состанок на директорско ниво со претставници на Канцеларијата на Советот за национална безбедност на Република Хрватска.

Пристапни разговори со НАТО

Брисел, 18-19 октомври 2018 година

 

Претставници на Дирекцијата беа дел од делегацијата на Владата на Република Македонија предводена од Заменик претседателката на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, која што во Брисел на 18-19 октомври 2018 година ги реализираше пристапните разговори со НАТО.

Билатерални разговори со НСА на Црна Гора

Скопје, 25 септември 2018 година

 

По покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, на 25 септември 2018 година во просториите на ДБКИ се одржа состанок на директорско ниво со претставници на Дирекцијата за заштита на тајни податоци на Црна Гора.
На состанокот на којшто беа дискутирани повеќе прашања од заемен интерес за националните безбедносни авторитети на двете земји, акцент беше ставен на искуствата на Црна Гора во периодот на подготовките за пристапување кон НАТО.

Состанок на директорите на Националните безбедносни авторитети од регионот во формат 6S

Блед, 12 септември 2018 година

 

На 12 септември 2018 година во Блед, Република Словенија, се одржа Шестиот состанок на директорите на Националните безбедносни авторитети на земјите од поранешните југословенски републики (формат 6S), како консекутивна (back-to-back) активност со Осмата SEENSA конференција. Состанокот беше поддржан од Регионалниот совет за соработка на ЕУ (RCC) како резултат на неговата јасна определба за поддршка на сите форми на регионална соработка што не се контрадикторни на SEENSA форматот на соработка.

Обука за класифицирани информации во ДЦАФ

Скопје, 12 септември 2018 година

 

Од страна на ДЦАФ беше побарана обука за припадници на собраниската служба што ракуваат со класифицирани информации, и тоа од областа на персоналната и административната безбедност на класифицирани информации. Истата беше одржана на 12.09.2018 година во просториите на ДЦАФ од страна на вработени во Дирекцијата.

Обука за класифицирани информации во Царинска управа на РМ

Скопје, 12 септември 2018 година

 

PictureНа 12.09.2018 година вработени од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации одржаа обука на царински службеници во Царинска управа на Република Македонија, при што беше опфатена безбедноста на класифицираните информации од областа на административната, персоналната, физичката и информатичката безбедност.

Осма конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA)

Блед, 11 септември 2018 година

 

PictureНа 11 септември 2018 година на Блед, Република Словенија, се одржа Осмата конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA). Конференцијата се одржа во рамките на 13-тиот Бледски стратешки форум чиешто годинешно мото беше „Премостување на јазот“ (Bridging the Divide).

На конференцијата, чии ко-претседавачи беа директорот на националниот безбедносен авторитет на Словенија, г. Добран Божиќ и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка на ЕУ (RCC), г. Горан Свиларевиќ, учествуваа делегации на националните безбедносни авторитети од Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Косово, Република Македонија, Република Молдавија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска и Црна Гора, како и претставник на Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ.

Спогодба со Големото Војводство Луксембург

Скопје, 6 септември 2018 година

 

На 06 септември 2018 година во Скопје беше потпишана Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Големото Војводство Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации.
Спогодбата ја потпишаа министрите за надворешни работи на владите на двете страни, Никола Димитров и Жан Аселборн.

TAIEX Студиска посета на Република Словенија

Љубљана, 9-13 јули 2018 година

 

Во периодот од 09–13.07.2018 година инспекторите за безбедност на класифицирани информации реализираа студиска посета на Република Словенија, на тема инспекциски надзор и казнени одредби. Студиската посета беше организирана во соработка со НСА Словенија, со поддршка на TAIEX инструментот на Европската комисија. Ефективни работни денови беа од 10-12.07.2018 година во просториите на НСА Словенија.
На обуката свое излагање имаа лица вработени од НСА Словенија, Милан Тарман – државен секретар, Војко Кос – виш советник инспектор во МВР и Јоже Крањц – виш советник инспектор во МО.

Syndicate content