Коментар на Законот за класифицирани информации

Скопје, 07 јули 2021 година

 

PictureДирекцијата за безбедност на класифицирани информации во соработка и со поддршка од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ), на 07 јули 2021 година во Скопје, одржа конференција и презентација на публикацијата „Коментар на Законот за класифицирани информации“.

Организирана во рамките на „Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија 2021-2026 година“ на ДЦАФ, конференцијата имаше за цел да го промовира Коментарот на Законот за класифицирани информации и да ги претстави новитетите во регулативата за заштита на класифицирани информации. Воедно, беа разменети мислења за потребата од подигање на безбедносната свест кај корисниците на класифицирани информации и беше промовиран Е-туториалот за класифицирани информации за реализација на таа цел.


Повеќе слики од настанот


Седумнаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Скопје, 05 март 2021 година

 

PictureНа 05.03.2021 година, на пригоден настан, со примена на пропишаните мерки за заштита и превенција на ширење на COVID-19 вирусот, беше одбележана седумнаесетгодишнината од формирањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Притоа беа сумирани остварените резултати од работењето во изминатата година и беше потврдена определбата на Дирекцијата и во иднина да биде главен стожер во заштитата на класифицирани информации и активно да учествува во одржувањето и унапредувањето на безбедноста на државата. По тој повод, на вработен административен службеник со редоследно најдолгогодишен работен стаж во Дирекцијата во моментот на одбележување на годишнината, како признание за дадениот придонес во градењето на капацитетите и остварувањето на резултатите на работењето на Дирекцијата, му беше доделена пригодна плакета.

Договор со Република Грција за заемна заштита на разменетите класифицирани информации

Скопје, 26 февруари 2021 година

 

PictureНа 26 февруари 2021 година во Скопје беше потпишан Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција за заемна заштита на разменетите класифицирани информации. Во име на двете влади, Договорот го потпишаа директорите на надлежните национални безбедносни органи за заштита на класифицирани информации, г. Стојан Славески и генерал мајор Ангелос Худелудис. За време на средбата беше разговарано за постојните билатерални релации меѓу двете земји и за новите можности за уште поголема соработка во области што вклучуваат размена на класифицирани информации. Воедно беа потврдени заемните заложби за интензивирање на блиската соработка и реафирмација на процесот на градење доверба меѓу двете земји како пример за добрососедски односи во регионот.

Постапување на вработените во случај на пожар и ракување со ПП апарати

Скопје, 23 септември 2020 година

 

Во согласност со постојната законската регулатива како и во рамките на програмата на Владата на Република Северна Македонија за одржување редовни обуки за вработените во државните органи за безбедност при работа, на ден 21.09.2020 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации беше реализирана обука за ,,Постапување на вработените во случај на пожар и ракување со ПП апарати” . Целта на обуката беше да се воведат мерки кои ќе поттикнат подобрување на безбедноста и здравјето при работа на вработените во Дирекцијата.

Нов Правилник за содржината, формата и начинот на водење на евиденцијата за издадените безбедносни сертификати...

Скопје, 8 јуни 2020 година

 

На 08 јуни 2020 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/2020 беше објавен новиот Правилник за содржината, формата и начинот на водење на евиденцијата за издадените безбедносни сертификати и за пополнетите безбедносни прашалници и на посебнaта евиденција за издадените дозволи за пристап до класифицирани информации. Правилникот може да го преземете на следниот линк:


Правилник за содржината, формата и начинот на водење на евиденцијата за издадените безбедносни сертификати и за пополнетите безбедносни прашалници и на посебнaта евиденција за издадените дозволи за пристап до класифицирани информации


Нов Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати

Скопје, 19 маj 2020 година

 

На 13 мај 2020 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 123/2020 беше објавен новиот Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати. Правилникот може да го преземете на следниот линк:


Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати


Шеснаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Скопје, 05 март 2020 година

 


Picture

На 05.03.2020 година, со пригодна свеченост и говор на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации беше одбележана шеснаесетгодишнината од формирањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. По тој повод, на вработените административни службеници кои се со најдолгогодишен работен стаж во Дирекцијата и со тоа имаат дадено значаен придонес во градењето на капацитетите и остварувањето на резултатите на работењето на Дирекцијата им беа доделени пригодни плакети. Дирекцијата продолжува и во иднина да биде главен стожер во заштитата на класифицирани информации и активно да учествува во одржувањето и унапредувањето на безбедноста на државата.

Програма за мобилност на државни службеници

Братислава, 24 февруари 2020 година

 

PictureВо периодот помеѓу 24 и 28 февруари 2020 година во Братислава, Република Словачка, тричлена делегација од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации зема учество во студиската програма за мобилност на државни службеници – „Дигитализација, дигитална економија и заштита на податоците“. Организирана од страна на ГЛОБСЕК и други истражувачки институти од земјите од Вишеградската група и финансиски поддржана од Меѓународниот вишеградски фонд, студиската програма имаше за цел споделување искуства на земјите од Вишеградската група а особено искуствата на Р. Словачка во области како што се сајбер безбедност, заштита на информациите, дигитализација на

Извештај за пристап до информации од слободен пристап за 2019 година

 

Извештајот може да го преземете на следниов линк:


Извештај за пристап до информации од слободен пристап за 2019 година


Syndicate content