Пристапни разговори со НАТО

Брисел, 18-19 октомври 2018 година

 

Претставници на Дирекцијата беа дел од делегацијата на Владата на Република Македонија предводена од Заменик претседателката на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, која што во Брисел на 18-19 октомври 2018 година ги реализираше пристапните разговори со НАТО.
Пред помошник генералниот секретар на НАТО, амбасадорот Александро Алваргонзалес, и тимот на НАТО за преговори со Република Македонија, беше потврдено дека нашата земја е целосно подготвена да ги прифати обврските што произлегуваат од Договорот од Вашингтон и дека со целосна посветеност ќе земе учество во структурите и политиките на НАТО. На разговорите посебно внимание беше посветено на Програмата за продолжување на реформите, во која примарниот фокус е ставен на реформите во одбраната и безбедноста, како и во областите како што се владеењето на правото, судската реформа, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформата на јавната администрација, реформите за следење на комуникациите и разузнавачките служби.