Работна средба помеѓу директорите на НБА на Р. Македонија и Р. Хрватска

Загреб, 8 мај 2018 година

 

На ден 08. 05 2018 година во Загреб, Република Хрватска, беше одржана работна средба помеѓу директорите на националните безбедносни авторитети на Р. Македонија и Р. Хрватска. Целта на директорската средба беше размена на мислења, теоретски и практични искуства како и стекнување на сознанија за одредени правни решенија во доменот на заштитата на класифицираните информации во Р. Хрватска. Покрај можноста за добивање сознанија за имплементираната правна рамка на заштитата на класифицираните информации, работната средба допринесе и кон зајакнување на билатералните односи помеѓу двата безбедносни авторитети.